Генералниот секретаријат на Владата денеска (22 март 2021 година) објави јавен повик за избор на 16 претставници на здруженија и фондации за членување во Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор во нов тригодишен мандат (2021-2024 година). Сите релеватни информации и документи во однос на овој повик можете да ги најдете на овој линк.  

Oрганизациите регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации можат да предложат кандидат за член на Советот во една од следните области: развој на граѓанскиот сектор, демократија и владеење на правото, промоција и заштита на човековите права и антидискриминација, економски и одржлив развој, наука, образование и доживотно учење, млади, социјална заштита и заштита на деца, заштита на маргинализираните лица, родова еднаквост, заштита на здравјето, земјоделство и рурален развој, култура, медиуми и информатичко општество, заштита на животната средина, спорт, ЕУ интеграции и политики. 

Рокот за поднесување на пријавите е до 5 април 2021 година.

Во текот на тригодишниот мандат (16 април 2018 – 15 март 2021 година), Советот одржа 30 седници, иницираше процеси и влијаеше во креирањето политики на Владата за создавање овозможувачка средина и развој на граѓанското општество. Деловникот за работа, годишните извештаи, записниците и материјалите од седниците на Советот се достапни на https://nvosorabotka.gov.mk/?q=node/99