Проектот ЕУ ТАКСО 3 бара истражувачки тим/субјект за поддршка на годишниот мониторинг на „Насоките за поддршката на ЕУ за граѓанското општество во земјите од проширувањето за периодот 2014-2020“. Годишниот мониторинг опфаќа две фази: собирање податоци и подготовка на извештаи и ќе ја опфати календарската 2020 година.

Од истражувачкиот тим се очекува да спроведе фаза на теренско собирање податоци (истражување, фокус групи и интервјуа) и да подготви сумарен и аналитички документ заснован на собраните податоци. Конечниот извештај ќе биде предмет на консултации во земјата и валидација што ќе ја спроведе тимот на ЕУ ТАКСО 3 и на кој се очекува да учествува истражувачки тим. Очекуваниот почеток на собирање на податоци е јануари 2021 година, а сумарниот документ треба да се достави на крајот од март/ почетокот на април 2021 година. Истражувачкиот тим/субјектот ќе треба да даде гаранции дека нема удвојување или преклопување со која било постоечка и слична задача.

Заинтересираните истражувачки тимови односно субјекти треба да достават технички и финансиски предлог што ќе биде во согласност со специфичните елементи дефинирани во повикот даден подолу. Биографии на експерти/ истражувачи (во формат на ЕУ) што би ја спровеле работата треба да бидат доставени како дел од предлогот. Барањето за појаснување на Повикот може да се достави во писмена форма на welcome@tacso.eu до понеделник, 21 декември 2020 година, 17:00 часот по средноевропско време.

Крајниот рок за доставување предлози е четврток, 24 декември 2020 година, 17:00 часот по средноевропско време, по е-пошта до Welcome@tacso.eu.

Референтни услови за целосен повик

Годишен извештај за следење за 2018-2019 година