Одделението за соработка со невладини организации на Владата на Република Северна Македонија објави повик до граѓанските организации да достават свои предлози во подготвувањето на годишната Програма за работа на Владата за 2021 година. Овој повик е во  согласност со член 14 од Кодексот на добри практики за учество на граѓанскиот сектор во процесот на креирање политики („Службен весник на РМ“ бр.99/11).

Предлозите за политики кои можат да ги дадат граѓанските организации треба да се однесуваат на конкретни законски одредби и да се во функција на остварување на стратешките приоритети и приоритетните цели на Владата на Република Северна Македонија за 2021 година.

Предлозите треба да бидат внесени во Образец на Иницијатива за ГПВРСМ 2021 и да се достават по електронски пат на адреса: nvosorabotka@gs.gov.mk до 23.9.2020 година, со назнака Иницијатива за ГПВРСМ 2021.

Образец на Иницијатива за ГПВРСМ 2021