На 05 јули проектот 2021 Дијалог со граѓанските организации – платформа за структурно учество во ЕУ интеграциите организираше секторска консултација со цел да се презентира и дискутира нацрт Акцискиот документ „ЕУ за подобрено здравство, социјална заштита и родова рамноправност“, програмиран во рамки на ИПА III Годишната акциска програма за 2022 година.

На дискусијата учествуваа 34 претставници од кои четири претставнички од Министерството за труд и социјална политика (МТСП), претставничка од Министерството за образование и наука (МОН) и 29 претставници на граѓанските организации.

Претставниците на институциите го презентираа документот и истакнаа дека во ИПА 3 ова е прва конкретна програма што се подготвува и се однесува на програмската година 2022, додека во 2021 секторот Образование, вработување и социјална политика нема да има проекти. 

По презентацијата следеше дискусија во која од една страна се дадоа насоки за подобрување на процесот на носење на значајни документи во кои граѓанските организации побараа да бидат вклучени на потранспарентен и организиран начин. Од друга страна, дел од претставниците на граѓанското општество споделија коментари за содржината на акцискиот документ и некаде побараа дополнување и вклучување на неколку суштински теми. Претставниците на институциите споделија дека сите коментари ќе бидат разгледани но треба да имаат во предвид и дека институциите располагаат со кратки рокови и дека некогаш се соочени со многу кратки рокови кога треба да се обезбедат првите идеи. Но, сепак на дискусијата се потврди важноста на структурниот дијалог во процесот на пристапување кон ЕУ.