Во рамките на проектот „Дијалог со граѓанските организации – Платформа за структурно учество во ЕУ интеграциите” на 09 ноември се одржа консултативна средба на граѓанските организации со претставници на Министерството за правда, Секретаријатот за европски прашања и Делегацијата на ЕУ на која се дискутираа стратешките одговори за ИПА III, прозорец I – владеење на правото и демократија, со тематски приоритети: судство, борба против корупцијата и фундаментални права.

На средбата присуства 24 претставници од граѓански организации кои работат на овие тематски приоритети.

Фросина Тасевска, в.д. Државна секретарка на Министерството за правда на Република Северна Македонија ги информираше претставниците на граѓанските организации за тековниот процес на програмирањето на ИПА III, фазата во која се наоѓаат предложените документи за областите судство, борба против корупцијата и фундаментални права. Претставниците на граѓанските организации го искористија овој состанок да ги споделат своите идеи и коментари особено во делот на предвидените индикатори и планираните интервенции.

Воедно оваа консултативна средба отвори можност за посуштинска соработка помеѓу граѓанските организации и Министерството за правда, околу стратешките одговори за ИПА III и истата ќе се интензивира во наредниот период.