Министерството за информатичко општество и администрација ги објави на ЕНЕР (единствениот национален регистар на прописи) нацрт верзиите на документите – „Стандарди во давањето услуги“, „Развој на методологија за вклучување на корисниците во процесот на подобрување услуги“ и „Насоки за оптимизација на услугите“. Документите се изготвени согласно предвидените активности со Акцискиот план за Стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2020 година.

Нацрт-текстовите на документите се достапни на ЕНЕР на следниот линк: https://ener.gov.mk/Default.aspx?item=newspublic, Здруженијата на граѓани и сите заинтересирани страни можат да дадат коментари и предлози за подобрување на докуметните најдоцна до 24 февруари 2020 година.

Во насока на финализирање на документите, од Министерството за информатичко општество и администрација најавуваат одржување на работилница за што ќе следува дополнително известување.