Проектот ТАКСО 3 на својата веб страница објави продолжување на  рокот за консултации со граѓанските организации за Инструментот за претпристапна помош ИПА 3. На следниот линк можат да се најдат информации во врска со целите и процесот на консултации за ИПА 3, како и начините на кои граѓанските организации можат да се вклучат во овие консултации.

Од ТАКСО најавуваат дека се отворени за предлози и коментари од граѓанските организации од Северна Македонија околу начинот на нивното вклучување, како и можноста за позначаен содржински придонес во процесот. Процесот на консултации ќе трае до понеделник, 9 март 2020. Предлозите може да се упатат на следната е-маил адреса: TACSO-MK@tacso.eu.