Документот за јавни политики „Директно учество на граѓанските организации во работните групи за пристапните преговори со Европската Унија – Случајот на Црна Гора”, го опфаќа  искуството во врска со граѓанското учество во работната група за поглавјето 23 – правосудство и фундаментални права, имајќи ги предвид сите недостатоци и придобивки од таквиот ангажман. Авторот на овој документ за јавни политики е Јована Маровиќ (Доктор на науки), Извршен директор на мрежата Политикон, член на работната група за Поглавје 23 во рамките на преговорите за пристапување во Црна Гора, како и член на Советодавната група за јавна политика на Балканот во Европа BiEPAG (Balkans in Europe Policy Advisory Group), Подгорица.

Директно учество на граѓанските организации во работните групи за пристапните преговори со Европската Унија – Случајот на Црна Гора