Европската комисија подготви пакет мерки за справување со ширењето на коронавирусот (CONIVID-19) и за справување со неговите социо-економски последици во Европската Унија.  

Сите земји членки ќе добијат помош за своите здравствени системи, ова вклучува набавка на материјали и поддршка на болниците за нивно непречено функционирање. Исто така ќе се финансираат истражувањa за развој на вакцина што е можно поскоро.

Првиот приоритет е спасувањето човечки животи, на второ место се работните места, а потоа компаниите и стопанството. За ублажување на ефектите од коронавирусот (CONIVID-19) од буџетот на унијата обезбедена е финансиска помош во висина од 37 милијарди евра.

Предложените пакет мерки на Европската комисија:

  • Обезбедување на потребните материјали за здравствените системи, истовремено штитејќи го интегритетот на единствениот пазар, како и синџирот на производството и дистрибуција.
  • Поддршка на луѓето како би се избегнало нерамномерено влијание на приходите и работните места како и трајната последица од кризата.
  • Поддршка на компаниите и обезбедување на ликвидност на финансискиот пазар како би можел истиот и понатаму да го поддржува стопанството.
  • Овозможување решително и координирано дејствување на земјите од Европската Унија, вклучувајќи и олеснување на правилата за државна помош и мерките на поддршка. 

Исто така Европската комисија формираше тим кој ќе биде одговорен за справување со корона вирусот, на чие чело е претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, а работата ќе ја координираат осум члена:

  • Маргарете Вестагер, извршна потпретседателка надлежна за Европа подготвена за дигиталната ера
  • Валдис Дамбровскис, извршен потпретседател надлежен за економија во интерес на граѓаните
  • Паоло Гентилони, надлежен за макроекономските аспекти
  • Тиери Бретон, надлежен за внатрешниот пазар
  • Стела Киријакидес, надлежна за сите здравствени проблеми
  • Илва Јохансон, надлежна за прашања поврзани со границата
  • Јанез Ленаршиќ, надлежен за управување со кризи
  • Адина Волеан, надлежна за мобилност 

На следниот линк се наведени повеќе информациите за активнистите кои ги превзема Европска комисија за справување со вирусот COVID-19