Денес, 14 мај 2021 година, во рамките на проектот „Дијалог со граѓанските организации – Платформа за структурно учество во ЕУ интеграциите“, започна анкетирањето на граѓанските организации за проценка на нивните потреби.

Истражувањето се спроведува во рамки на проектот за потребите на методологијата за прибирање на податоци кои имаат за цел да ја унапредат позицијата на граѓанските организации при работата на секторските работни групи. Прашалникот содржи дваесетина прашања и неговата цел е да прибере информации за искуствата на граѓанските организации  со учество и придонес во консултации во однос на јавните политики, како и во секторските работни групи за ИПА. За пополнување на прашалникот се потребни околу 15 минути.

Поканата за учество во истражувањето е доставена до сите граѓански организации  регистрирани во достапните бази, креирани во рамките на проектот. За да пристапите до прашалникот и да го кажете вашето мислење кликнете на следниов линк.